Нуредини: Пожарот траел од 3 до 5 минути, за тоа време спасени се само 12 пациенти


Сите 12 пациенти се во релативно добра здравствена состојба, немаат никакви кожни проблеми од пожарот. Лицата кои починаа имаа изгореници од прв степен и ги пративме на судска медицина за да може да се изврши идентификацијата на лицата, рече утрово координаторот на ковид центарот во Тетово, Гзим Нуредини.

Докторот објасни дека пожарот траел само три минути.

-Пожарот траел од три до 5 минути, за тоа време спасени се само 12 пациенти вели Нуредини.

Тој појасни дека во моментот на несреќата лицата кои биле спасени и однесени на интерното одделение во болницата биле во подобра состојба и дека во моментов во Тетово бројот на заболени се намалува.

Во моментов има 57 хоспитализирани, 36 лица вчера беа прегледани и имаме еден починат, изјави Нуредини.

Нуредини на новинарско прашањето зошто пациентите имале придружба и дали починал некој кој не бил пациент, Нуредини рече дека дополнително ќе се уврдува. Сепак рече дека најверојатно имало некој кој не е пациент внатре, но можеби бил вработени во Клиниката, а роднина на некој пациент.

– Секоја посета е казнива. Не може роднина да се грижи за пациент. Ние и порано имавме укажувања дека наводно имало посети. Веднаш пративме известувања до сите служби, да не се дозволува посета. Дали имало некој случај не знам. Овде има и вработени во ковид клиниката кои доаѓале кај нивни блиски. Некои се и роднини. Сега бараме да ни дадат кои биле роднини и дали биле вработени во ковид центарот, рече Нуредини.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1