Вознемирувачка снимка од моментот на физичкиот напад и убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот (27) се појави денеска на twitter , на кој се гледа бруталноста на напаѓачите пред скопската дискотека „Привилиџ“.
![](https://mkd-news.com/wp-content/uploads/2022/04/98989090-339905.jpg)
Тот почина нецели 24 часа после нападот откако во тешка состојба беше примен на интензивна нега на КАРИЛ, на скопската клиника, а двајца од тројцата осомничени полицијата ги уапси и судот им одреди 30 дневен притвор, додека прво осомничениот е сѐ уште во бегство.
Сѐ уште не е позната причината поради која Тот бил нападнат, а сѐ заврши со трагедија откако обдукцијата покажа дека тој имал тешки повреди на мозокот здобиени од ударите и од падот после нападот.
Видеото од безбедносните камери и физичкиот напад врз Тот може да го погледнете ТУКА.