Хенријета Рекер, главната кандидатка во трката за градоначалник на Келн, била избодена неколку пати во врат додека учествувала во предизборната кампања, соопштиле од полицијата
Напаѓачот ѝ нанел тешки повредни и на Рекер, но и на лицето кое ѝ помагало на политичарката. Уште три лица кои се обиделе да помогнат биле тешко повредени, пишува Deutsche Welle.
Полицијата соопштила дека мажот ја нападнал Рекер додека стоела на информацискиот пункт на христијанските демократи – “CDU”, партијата на германската канцеларка Ангела Меркел.