Обидот за пуч бил организиран преку апликација (Видео)


Учесниците во државниот удар ја користеле апликацијата WhatsApp, јавува турската агенција „Анадолу. Наводно, оваа апликација била главен канал за комуникација при подготовките за обидот за пуч.

Во пораките кои се објавени во турските медиуми, учесниците во пучот меѓу себе си пишувале дека ќе го блокираат сообраќајот кон Истанбул, како и дека ќе ги блокираат видео врските на итните државни канали.thumbs_b_c_b82d2477d03badd75afbba31c56ef720

Вооружени групи на војници доцна синоќа со тенкови и оклопни возила излегле и ги блокирале улиците во Истанбул и Анкара, а со хеликоптер ја нападнале претседателската палата.

Ердоган го преживеа обидот за пуч, со тоа што ги повика поддржувачите да излезат на улица и да се соочат со пучистите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1