Лондонски Телеграф добил транскрипт од целосната комуникација на летот MХ370, вклучувајќи ги и клучните моменти пред самото исчезнување на боингот 777.
Стив Ленделс, поранешен пилот на Бритиш ервејс што има управувано боинг 777с, ги анализирал пораките и според него се е рутинско но има и чудни работи. Две работи може да се издвојат како потенцијално чудни.
Првата е пилотот непотребно неколкупати повторувал дека е на висина од 35.000 стопи (11.500 метри) последната таква порака пратена од пилотската кабина е во 1:07 часот, во која се вели дека авионот лета на крстосувачка височина од 10 километри. Оваа порака била непотребна зашто во неа се повторува факт што веќе бил пренесен шест минути претходно.
„Може едноставно пилотот да заборавил или да не е сигурен дека им кажал на контролорите на воздушниот сообраќај дека е на таа висина“, вели тој. „Тој може да уште еднаш да потврдил дека е на 10 км. Тоа не е необично. Јас не би барал ништо сомнително во тоа.“ изјавил Ленделс
Другата чудна работа, која е една од причините за сомневање дека исчезнувањето на авионот било намерно, е тоа што прекинувањето на комуникацијата и острото вртење кон запад се случиле за време на преминот од контролорите на летање во Куала Лумпур кон оние во градот Хо Ши Мин. Тоа е единствениот период кога авионот не комуницира со ниту една контрола и не е видлив за радарите бидејќи има вакум период додека надлежностите ги превземе контролата на воздушниот простор каде се упатува авионот.
„Ако требаше јас да украдам авион, тоа ќе беше моментот во кој ќе го сторев тоа“, вели за Телеграф Стивен Баздиген, поранешен пилот на Бритиш ервејс, кој исто така има управувано боинг 777с.
„Може да дојде до таков мал мртов простор кога се менуваат контролорите на воздушниот сообраќај… Тоа било единственото време во текот на летот во кое тие можеле да не бидат видливи за контролорите.“
Од неговото најавување во 12.36 часот, кога авионот сè уште бил на земја, Хамид, 27-годишниот ентузијаст за летање, испраќал рутински извештаи за локацијата, искачувањето и височината на авионот. Иако тој зборувал малку понеформално и на моменти не се придржувал до вообичаениот вокабулар, ништо во неговите шеговити закачки не дава никаков знак дека авионот ќе скршне од курсот и ќе исчезне.
„Комуникацијата сè до скршнувањето на авионот (Виетнам) звучи сосема нормално“, вели Баздиген. „Ваквиот тип закачки – сум ги правел стотици пати. Тоа е сосема нормално.“