Фото: Ова е жената од ЦИА која го донесе нарко босот Шариќ


Поранешната српска офицерка на ЦИА, е директорка на компанијата со чиј авион наркобосот Шариќ беше донесен во Подгорица.

saric cia agentkaСо летовите на тој авион располага компанијата од Цирих – “Jet Aviation” под контрола на познатата американска корпорација “General Dynamics” чијa директорка е Фиби Новаковиќ.

Летот на авионот со кој Шариќ пристигна на аеродромот во Подгорица во Меѓународната база на податоци се водел како “непознат” и тоа на барање на компанијата. Вчера истиот авион бил користен за лет од Виена и овие податоци се достапни во базата.

Според неофицијални информации Шариќ работел во Венцуела, Колумбија, Бразил и Доминиканската Република, а во Доминиканската Република и го упасиле. Покрај овие информации оди и приказната дека CIA вршела притисок врз тамошните нарко-кланови, поради што Шариќ наводно ја изгубил нивната поддршка.

Црногорските медиуми објавија снимка од авионот со кој Шариќ слета на аеродромот во Подгорица во 06:30 часот наутро.

– “Постојат две верзии за неговото слетување. Според првата, авионот со ознака HB-JKC во кој се наоѓал Шариќ полетал од Дубаи. Не треба да заборавиме дека додека Шариќ бил во Дубаи, истиот период во тој град бил и бизнисменот Миле Јерковиќ, сведок во процесот против Шариќ” – изјави близок извор за Blic.

Darko-Saric-Narko-BosoviТој додава и дека не треба да се исклучи можноста ни дека Дарко Шариќ пристигнал во Подгорица на “сосема поинаков начин, од државата која е многу поблиску до Србија од Емиратите”. Бизнисменот Миле Јерковиќ, еден од сведоците во случајот против Шариќ, кој неодамна со полициско обезбедување отпатува во Дубаи, се уште се нема вратено во Србија бидејќи наводно се разболел во Дубаи.

“Ќе остане во Дубаи се додека не ги изврши сите неопходни лекарски прегледи” – изјавува изворот од Министерството за внатрешни работи во Србија за Blic .

Од Министерството за внатрешни работи додаваат дека нема никакви законски пречки за Јерковиќ да ја напушти земјата.

“Тој е сведок, не е осомничен. Не му е потребна дозвола за да отпатува” – соопштиле.

Јерковиќ е обичен сведок во случајот против Шариќ, а обезбедувањето го добил според одредбите од Законот за заштита на учесниците во кривична постапка. Судијата на Врховниот суд за казација, заменик-обвинителот на Републиканците и претставник на Министерството за внатрешни работи одлучуваат кој ќе заштитат во програмата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1