Објавени првите 2 досиеја на лустрирани соработници на тајните служби


 

Лустраторите денеска ги објавија првите 2 досиеја на соработници со тајните служби. Прв на интернет се најде Слободан Угриновски со досие „Корбизје“ .

Досието има 5 страни. Во него стои дека тој самоиницијативно информирал за состојбата во студентските средини додека бил студент на Архитектонскиот факултет, а затоа добил награда од 540 нови динари. Угриновски тврдеше дека не примил пари, добил на подарок пенкало од полициски службеник за нова година.

Угриновски престанал да биде соработник во 1983

Целото досие можете да го погледнете на следниот линк –

http://www.kvf.org.mk/docs/1/resenie%20slobodan%20ugrinovski.pdf

Вториот чие досие јавно се појави е Сеjфедин Харуни пратеник во Собранието – за него во досието стои дека е од Гостивар, лекар, информирал за албански иредентизам. За него нема досие во архивот но неговото име било впишано како информатор за лице чие досие ,,златар,, се водело во полициските служби.

Целосното досие овде –

 http://www.kvf.org.mk/docs/2/SejfedinHaruni%20P.pdf

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1