Многумина помислија дека нема да има фотографии од венчавката на годината меѓутоа магазинот „Пипл“ имаше ексклузива.
Холивудската двојка Бред Пит и Анџелина Џоли отсекогаш велеа дека ќе се венчаат кога нивните деца ќе го посакаат тоа, па така не е изненадување што токму тие имаа голема улога во церемонијата.
Децата на актерите ја декорирале венчаницата на Џоли која била едноставна, бела, од сатен со нивни цртежи на неа.
Најдобриот кројач на „Версаче“ Луиџи Маси соши венчален фустан во кој ги вметнал цртаните дела на децата на Бред и Анџелина.
– Луиџи ми е како семејство и не би можела да замислам некој друг да ми го направи фустанот – изјавила Анџелина. Таа за „Пипл“ изјавила дека сакала тој ден да и помине без папараци и медиуми и без голема врева.
На венчавката имале 20 гости. Најстарите синови Медокс и Пакс ја испратиле својата мајка до олтарот, додека ќерките Захара и Вивиен фрлале венечни ливчиња од рози зад неа. Кај олтарот ги дочекале ќерката Шало и синот Нокс кои ги држеле венчалните прстени.
Бред (50) и Анџелина (38) се во врска од 2005 година и имаат 6 деца од кои три се посвоени.