Објавени се резултатите од обдукцијата на ќерката на покојната пејачка Витни Хјустон и раперот Боби Браун, Боби Кристина Браун.
Таа по неколку месечна кома почина во јули 2015 година на 22 години. Ќерката на трагично починатата музичка дива Витни Хјустон, починала од предозирање и давење, но не е јасно дали тоа било намерно. Резултатите досега не се објавени во јавност за да не дојде до малверзации на судењето за нејзино убиство, пренесуваат американските медиуми.
Боби Кристина во јануари 2015 година беше пронајдена без свест во кадата во својот дом во Атланта, а главен осомничен за нејзината смрт е нејзиниот свршеник и посвоен син на Витни Хјусттон, Ник Гордон (21).
Боби Кристина умре три години по својата мајка, добитничката на бројни награди, која се бореше со зависност од дрога. Умре во 48-та година од животот.
Лекарите рекоа дека смртта била последица на злоупотреба на кокаин и болести на срцето.