Утре е Задушница – Ова не смеете да го правите


Црквата и верниците утре ја одбележуваат Задушница.Таа секогаш паѓа во сабота, бидејќи Исус Христос тој ден, воочи воскреснувањето во недела, го поминал упокоен.

Тоа е ден кога православните верници ги посетуваат гробовите на најблиските, даваат помен и палат свеќа. Сеќавајќи се на покојните предци, верниците на овој ден се молат на Бог за простување на гревовите и за предците.Sveca

Православната црква во текот на годината одбележува 4 задушници, есенски, летни кои се споени со Духови, воочи големиот велигденски пост и зимски.

На Задушница во црквата се служи парастос, а после службата се посетуваат гробовите на најблиските, каде се пали свеќа и се чита молитва. Кој не може да одите на гробот на најблиските, свеќа пали во црква.

Се верува дека свеќата запалена на овој ден гори се до следната Задушница. Исто така постои верување дека ако на Задушница не се запали свеќа, мртвите една година ќе бидат во мрак.

Според верувањата на Задушница не се работи, чисти и пере, не се работи ништо со волна, а не треба да се користат ниту ножици и игли. Овој ден се посветува на мртвите, а не на живите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1