Облеката од познати марки предизвикува рак


Многу познати модни марки во изработката на облека користат и опасни хемикалии, кои може да предизвикаат рак или да влијаат врз хормоналниот систем

oblekaАктивистот на Гринпис, организацијата за заштита на природата, Манфред Сантен, тврди дека модните марки низ светот ги користат реките како канали за одвод на отпадот, a отровните честички го напуштаат текстилот, на пример при перењето.
Сите водечки марки во светот ги користат тие хемикалии.

Тоа Гринпис го докажа во летото 2012 година. Организацијата во независни лаборатории испита 141 парче облека од 29 земји. Фармерки, панталони, маици и долна облека. Се работеше за облека од познати модни марки, како Армани, Бенетон, односно ЦиА, Келвин Клајн, Дизел, Еспри, Геп, ХиМ, ЏекиЏонс, Левис, Манго, Томи Хилфигер, Веро мода, Викторија сикрит и Зара.

zaraНа текстилните производи од Зара, во фармерките, произведени во Пакистан, стручњаците пронајдоа материи кои можат да предизвикаат рак. Хемикалијата наречена АПЕО беше присутна и во детска јакна. Со помош на тие хемикалии, производителите ги чистат конците и облеката.

Германските хемиски фирми уште во 1986 година доброволно се откажаа од користењето на средството АПЕО за производство на детергенти. Употребата на АПЕО е строго регулирана во ЕУ. Од 2005 година таа хемиска супстанција смее да се користи само ако не завршува во отпадните води. Но, на глобално ниво не постојат такви строги правила.

Гринпис затоа ги обвинува модните куќи дека своите производи непотребно ги загадуваат со опасни хемикалии. Модната бранша бурно реагираше на тврдењето. Од 2011 година, кога Гринпис ја почна кампањата против хемикалиите во облеката, 17 големи брендови, меѓу кои и Адидас, Најк, ХиМ, ветија дека до 2020 година ќе престанат да користат штетни материи. Зара тврди дека не го користи АПЕО од мај 2013 година. Гринпис најави контрола дали производителите ќе се држат до ветувањата.

Употребата на хемикалии кои не се штетни не влијае значително врз висината на цената на облеката, тврди Фелер, евентуално се работи за дополнителни трошоци кои изнесуваат неколку центи.

„Но, модните фирми мораат да проверуваат дали нивните добавувачи се придржуваат кон новите правила“. Фелер затоа се залага за стратегија според која добавувачите би можеле да бидат „исфрлени“ од работата ако не се придржуваат кон правилата.

Дојче веле

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1