Емаил сервисот Yahoo падна. При инсталација на нивните нови правила за приватност сервисот се соочува со сериозни проблеми бидејќи email корисниците низ целиот свет неможea да пристапат до своите маилови.
Кога ќе се обидете да влезете во вашата електронска пошта се појавува голем прозор кој ве информира дека има нови правила за безбедност и од вас бара да стиснете – прифаќам или не прифаќам,, што и да стиснете џабе ви е, меилот не се отвара.
Yahoo – во официјална изјава вели дека се работело за проблем со новиот безбедносен софтвер и дека сега засега целосно е отстранет додека не се види што е проблемот. Сега за сега Јаху профункционира.
Според пишувањата на Твитер ова се случува во целиот свет. А и македонските корисници исто така неможат да влезат во своите сандачиња.
Еве дел од постовите на Твитер за овој проблем на Јаху.
,, јаху го држи мојот маил во заложништво,,
,, колку пати треба да кликнам дека прифаќам за да ме пушти јаху во својот маил,,
,, јаху рикна,,
,, како може јаху да лансира нов сервис без да си го провери претходно и да блокира маилови во цел свет?,,