Паника и евакуација – лажна закана за бомба во Американската амбасада во Осло


Претпладневна узбуна во Осло. Американската амбасада во главниот град на Норвешка денеска извести за закана со бомба. Евакуацијата започна во 11.22ч кога жителите на околните згради беа замолени да се оддалечат од местото.

Евакуацијата значеше расчистување на просторот во радиус од 500 метри околу амбасадата. Евакуирани беа и околните туристи.
Се започнало кога под автомобил паркирана во дворот на Американската амбасада во Осло бил забележан сомнителен предмет. Сомнителниот предмет го активирал алармот за бомба. Многубројна полициска екипа ја опколи амбасадата, а испратени беа и поголем број на амбулантни возила и пожарникари.

Целиот сообраќај беше запрен, полицијата го обезбедуваше регионот. За целото време хеликоптер го окржуваше небото над амбасадата.

Сепак, само 2 часа подоцна востановено е дека во возилото се наоѓа лажна бомба кој не била отстранета за време на вежбите на американските војници. Бомбата е направена од неопасни компоненти која служела како пример за вистинска бомба за време на вежби.


Американската амбасада во Осло преку Твитер се заблагодари на брзата интервенција на полицијата во Осло “Сите сме добро. Ја цениме брзата и професионална работа на Норвешката единица за итни случаи”

Сепак градоначалникот на Осло, Стиан Бергер Росланд, смета дека граѓаните на Осло заслужуваат извинување. “Ваквата ситуација водеше до евакуација на целиот град, јавниот транспорт запре и многу граѓани беа исплашени. Се надевам дека ќе добиеме извинување и понуда за соодветна компензација од амбасадата”, изјави Росланд за националната норвешка телевизија НРК.

За MKnews.MK од Осло – Славица Савеска

Share Button

Tags: , , , , ,

Славицa Савеска Кењереш

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1