Пет обожаватели на Мајкл Џексон, добија симболичен надомест на суд, во вид на отштета од едно евро, затоа што им било признаено дека претрпеле „емоционална болка“ поради смртта на американската поп ѕвезда
Судот во Орлеан, во централна Франција, одлучил денеска за тужбата против лекарот на Џексон, Конрад кој во 2011 година беше прогласен за виновен за смртта на пејачот, пренесува Нова Македонија.
-Колку што знам, ова е прв пат во светот да е признаена емоционалната штета настаната поради смртта на поп ѕвезда- истакна нивниот адвокат.
Тој наведе дека својата тага ја докажале со изјава на сведоци и медицински наоди.