На денешното рочиште во процесот за Диво Насеље, обвинетите тврадт дека не се терористи, но велат дека биле организирана група наместена за извршување на нечии политички цели, јавува Телма.
Драма во судницата предизвика зборувањето на двајца од обвинетите кои кажаа:
-Ние сме наместени. Бег Ризај и Мирсад Ндрецај ни рекоа: Ние во Куманово сме фигури, ако дојде полиција нема да нападнеме, туку ќе пукаме само во воздух. Зошто овие двајца, и Ризај и Ндрецај се убиени отпосле, откако беа однесени во полициска станица, прашаа во судницата обвинетите.