Обвинителката се повлекува од случајот за малата Тамара


Обвинителката Наташа Гоџовска се повлекува од случајот со малата Тамара Димовска.

Таа денеска без објаснување не се појави на рочиштето против 12 темина обвинети, а само телефонски го известила судијата Марин Станевски дека нема да го застапува обвинението, јавува Телма.

За потсетување, за тоа што фондот за здравство не му овозможи лекување во странство на осум годишното девојче обвинети се доктори од двете лекарски комисии, поранешните директори на фондот за здравство и претседателката на управниот одбор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1