Очај, тага и неверување во домот на убиената пејачка Јелена Крсмановиќ (ВИДЕО)


Со солзи и неверување членовите на семејството на Јелена Крсмановиќ ја примија веста за нејзината смрт.jelena-krsmanovik-640x432

Како што јавува српски Курир, нејзината 5 годишна ќерка Јана ја дознала трагичната вест декаја загубила својата мајка и со солзи повторувала: „Вратете ми ја мојата мајка, сакам да си играм со неа“. Малото девојче набрзо било изнесено од куќата.

-Зошто таа, со лупа да ја барав подобра снаа немаше да имам. Сега единствено што ми останае да се борам за синот да не се убие, вели таткото на Зоран (сопруг на Јелена), Владимир.

Веста за убиството на Јелена Крсмановиќ тешко ја поднела и нејзината сверква по што повикана била Итна медицинска помош.brza pomos srbija

-Мојата снаа не е за ова земја на злостори и убијци. Ми замина мојата сакана снаа, ме викаше дедичко, секое утро нè бакнуваше мене и мојата сопруга. Дали ја уби манијакот кој е масовен давител на жени, кој за викендот е пуштен од лудница, не знам, но сакам соодветно да биде казнар, вели за Курир.рс. Владимир.

Информацијата дека телото на Јелена, која инаку е пејачка на Гранд, е пронајдено на потврди и српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Српски Курир пишува дека на недалеку од патеката каде трчала Јелена била пронајдени нејзината патика, шнола за коса и траги од крв.

Неофицијално, во полициска станица на полиграфско испитување биле однесени сопругот на Јелена и нејзината мајка. Јелена за исчезната беше пријавена вчера од сопругот Зоран.

предупредуваме дека видеото е со вознемирувачка содржина

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1