Од 1 јули од Охрид ќе се лета и кон Лондон


Покрај до швајцарскиот град Базел, од 1 јули од Охрид ќе се лета и до лондонскиот аеродром Лутон. На двете дестинации ќе се лета два пати неделно.aerodrom4851

Идентично како и „Визер“ кон Базел, новиот лет од Охрид кон Лондон ќе понуди евтини билети за патниците. Покрај овие нови дестинации, Бакрачески најави дека е можно да се отвори и нова директна линија Охрид – Истанбул. Ако успее лобирањето на парламентарците во турскиот парламент, тогаш кон турската метропола се очекува да се воспостават три лета неделно од Охрид.

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ најчесто се користи за патување во текот на летниот период преку чартер летовите што носат туристи во нашата земја. Во останатите месеци од годината речиси и да нема летови кон некоја дестинација. Со најавените нови линии, очекувањата се дека ќе се зголеми бројот на патници во воздухопловниот превоз и од Охрид.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1