Со неодамнешната одлука на претседателот Ѓорге Иванов, за општо помилување на политичари и нивни соработници за истраги кои се водат против нив, беа аболицирани 56 лица, а меѓу нив има поранешни министри, високи функционери, градоначалници, бизнисмени…
Сите политички партии не се согласија со оваа одлука на Иванов и сте побараа да ја повлече одлуката, но тој не го стори тоа. Само неколку од нив деновиве јавно ја одбија аболицијата од Иванов.Аболицијата ја одби Никола Груевски, поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, како и поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков. претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Аболицијата преку соопштение ја одби и поранешниот лидер на СДСМ и поранешниот претседател, Бранко Црвенковски
Аболицијата во неколку наврати ја одби и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. На прес конференција аболицијата ја одби и членот на Државната изборна комисија, Бедредин Ибраими, а преку соопштение и поранешниот градоначалник на скопски Центар, бизнисменот Владимир Тодоровиќ. Аболицијата од Иванов, ја одби и градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кој рече дека не е виновен.
И обвинителите од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова и Гаврил Бубевски, ја одбија аболицијата од Иванов. Иванов, пак им порача на тие што не сакаат да бидат помилувани, да му пишат и заедно со неговиот правен тим, ќе видел како да им излезе во пресрет.
emagazin.mk