Од бемка до рак: Како да ги воочите промените?


Промените на бемките кои честопати изгледаат сосема безопасно, не ретко може да доведат до рак на кожата. Според истражувањата во последните неколку години стапката на смртност од овој вид  рак загрижувачки се зголемува, а најчестата причина поради која умираат голем број пациенти е фактот што немало навремено дијагностицирање на  болеста.

bemka1Доктор Ивана Нола специјалист по дерматовенерологија вели дека промените на бемките понекогаш може да бидат мошне очигледни, а друг пат сосема банални, па токму затоа е потребно редовно да го прегледувате своето тело.

-Меланомот најчесто се препознава по ненадејната промена на пигментацијата во самиот младеж или во промена на рабовите, зголемувањето на младежот, негово испакнување. Некогаш се појавува и чешање во самиот младеж како и крвавење, но често се случува промените да се сосема банални. Затоа најдобро е да бидете прегледани од дерматолог со цел подобро да се воочи промената, советува Нола.

Што треба да направите?

Во текот на целата година вршете самопрегледи на секој дел од своето тело користејќи огледало. Доколку забележите и најмала промена консултирајте се со дерматолог. Создадете навика да нанесувате крема за заштита од сонце со висок УВ фактор и тоа не само во лето туку и преку целата година. Лицето бара дополнителна заштита, па затоа осигурајте се дека кремата што ја користите има заштитен фактор. Носете очила за сонце, капи и шешири и колку што е можно повеќе избегнувајте да бидете изложени на сонце кога пече најсилно. Доколку морате да одите некаде облечете бела облека.

Дерматолошки преглед

Во текот на годината еднаш посетете дерматолог за рутински преглед. Дигиталната слика која што ќе ви биде направена ги зголемува младежите за 120 пати па полесно може да се воочи било каква промена и дали таа е рак или пак станува збор за лажна тревога.

Како да спроведете самопреглед?

-Прво направете преглед на лицето и ушите. Темето и косата нека ви ги прегледа некој близок бидејќи логично е дека нема да можете сами да го направите тоа.

-Не ги заборавајте пазувите, лактите, стомакот и градите. Жените треба да посветат внимание и на делот под градите.

-Со помош на огледало прегледајте ја внатрешната страна на бутините, нозете, задникот, стапалата и половите органи.

-Потоа посветете внимание на грбот и целата задна страна на телото.

Повеќе на – Идивиди

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1