Крис Бек, поранешен припадник на „фоки“, елитна единица во американската армија , сега се нарекува Кристен и има напишано книга за тоа како по 20 години во војската решил да стане домаќинка.
Кристен вели дека женски дел од неговата/нејзината личност отсекогаш повеќе му одговарал на неговиот/нејзиниот ментален склоп и емотивното битие.
Во книгата „Принцезата ратничка“ Бек се обидува да ја објасни својата потреба за промената на полот, но пишува и за времето поминато во „фоките“ или таканаречениот “тим 6“, кој го ликвидирал Бин Ладен.