Од денес во Хрватска се купува МАРИХУАНА на рецепт за лекување


Во Хрватска стапува во сила Правилникот на Министерството за здравство со кое се дозволува употребата на индиски коноп за медицински цели за заболените од мултиплекс склероза, карцином, епилепсија и СИДА.

Според правилникот, како што јави ФЕНА, заболените од споменатите болести од утре со лекарски рецепт ќе можат легално да ги набават лековите што содржат тетрахидроканабионол (ТХЦ), донабимол и набилон.marijuana-500

Рецепти за овие лекови ќе можат да препишуваат лекарите по општа практика, педијатрите на деца на предучилишна возраст и гинеколозите, врз основа на препорака на специјалисти по неурологија, интернистичка онкологија, онкологија, радиотерапија, инфектологија и неуропедијатрија.

Лековите што содржат ТХЦ ќе можат да се издават за лекување до најмногу 30 дена, при што вкупното количество на тетрахидроканабионолит во нив не смее да биде поголемо од 0,75 грама.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1