Од полноќ во Австрија на сила се нови, построги мерки. Австриската влада најави дека ќе ги затвори училиштата и продавниците, освен оние што продаваат храна и основни предмети за домаќинството, на 17 ноември, две недели по воведувањето на делумен карантин, што не го спречи ширењето на коронавирусот во земјата.
При презентирањето на мерките, канцеларот Себастијан Курц рече дека контактите мора да бидат ограничени што е можно повеќе. Излегувањето ќе биде одобрено само во специфични околности – набавка на храна, деловни и медицински причини, спортски активности и прошетки.
– Моето барање за следните четири недели: не се среќавајте со никого – рече Курц на конференцијата, додавајќи дека никој не сака затворање, но дека тоа е единственото средство што со сигурност знаат дека ќе работи и го посочи Израел како пример.
И продавниците, ќе бидат затворени, освен оние за храна, аптеките, банките, поштата и оние со поважни дејности.
Што се однесува до образованието, основните и средните училишта ќе овозможат учење на далечина. Досега, наставата во училиштата не беше само за горните одделенија во средните училишта и за универзитетите.
Австрија, која има 8,8 милиони жители и беше поштедена во првиот бран, пријави скоро 10 000 случаи во 24 часа во петокот и уште 7 000 во саботата, по што беа усвоени нови мерки.
Вчера, Австрија имаше нови 4.657 случаи, а 58 лица починаа.