Од јануари минималната плата 9.590 денари – 10.000 евра за газдата ако не ви плати


Минималната плата во државата од јануари да изнесува 9.590 денари, а во трудоинтензивните дејности 8.050 денари.

Собранието ги изгласа измените со кои се предвидува вакво зголемување на минималната плата.

Denari

Исто така се менува и начинот на санкционирање на компаниите кои нема да исплатат минимална плата.

Доколку Трудовиот инспекторат утврди дека некој работодавач не ја исплатил минималната плата, ќе го задолжи со решение во рок од седум дена да ја исплати. Ако тоа не го стори, инспекторатот има обврска да изрече прекршок со глоба од 8.000 до 9.000 евра, а доколку компанијата повторно го стори прекршокот во рок од една година ќе и биде изречена забрана за работа во рок од 15 дена, а работодавачот ќе треба да ја исплати минималната плата и да плати глоба од 9.000 до 10.000 евра.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1