Од Kапиштец до Водно ќе се возиме на жичарница


Советот на Град Скопје му даде дозвола на Министерството за транспорт и врски да изготви инфраструктурен проект за доизградба на жичницата „Милениумски крст“ на Водно од Kозле до Средно Водно, пишува порталот „Скопјеинфо“.

Kако што стои во образложението на одлуката, потребата од реализација на втората фаза од жичницата која ќе ја опфаќа трасата од Институтот за белодробни заболувања кај деца во Kозле до Средно Водно (секција 2) и од црквата „Свети Јован Kрстител“ до Институтот (секција 3), е со цел да се заокружи овој проект кој е огромно значење за Градот Скопје и за Републиката.zicara-vodno

– Потребата е да се поврзат градот и врвот на Водно, имајќи ја предвид успешно реализираната прва фаза на проектот од Средно Водно до врвот на планината и резултатите од неа. Изработката на инфраструктурниот проект нема да предизвика никакви финансиски импликации за Градот – се вели во одлуката.

Основниот проект за сите три секции на жичницата веќе го изработи австриската фирма „Допелмаер“ која ја изгради првата фаза од Средно Водно до Милениумскиот крст. Таа беше свечено пуштена во употреба на 3 јуни 2011 година. Должината на трасата на првиот дел е 1.750 метри. Има 28 кабини за по осум патници и 2 елитни кабини за четири патници.

Предвидено е вкупниот проект да чини 6,7 милиони евра и да има вкупно 62 кабини.

Жичарницата од Средно Водно до Милениумскиот крст пак, беше пуштена во употреба пред речиси 4 години. Таа има 28 обични гондоли за осум лица и две ВИП- гондоли. Билетот чини 100 денари

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1