Од пневмонија, енцефалит до смрт – компликации од морбили


Едно дете од 10 болни деца од морбили добива инфекција на внатрешното уво и едно од 20 добива пневмонија. Едно на 1000 добива енцефалитис, а едно или две на 1000 умираат, пренесува nmd.mk.

SIPANICI MORBILIСубакутниот склерозирачки паненцефалитис (Subacute sclerosing panencephalitis – SSPE) е ретко дегенеративно заболување на централниот нервен систем, кое се јавува заради перзистентна инфекција на мозокот (скриено присутен вирус во мозокот) со вирусот на морбилите.
Се јавува, во просек, по 7 години (минимум 1 месец – максимум 27 години) асимптоматски период (период без симптоми) по заболување од морбили. Болеста е прогресивна и неизлечива, секогаш има смртен исход!

Резултатите од научни студии покажуваат дека вакцината против морбили, заштитувајќи од болеста морбили, значајно ја намалува веројатноста за развој на ЅЅРЕ.

А што е со вакцината? Искуството со приближно 131милиони дадени дози вакцини против морбили дистрибуирани низ САД до 1981 година покажуваат извонредна безбедност. Околу 5%-15% од вакцинираните лица може да развијат температура повисока од 39,40С по шестиот ден и со траење до 5 дена.

Кај 5% од вакцинираните можна е појава на минлив исип.
Приближно еднаш на секој еден милион дози можна е појава состојби врзани за централниот нервен систем, вклучувајќи енцефалитис и енцефалопатија. Но, стапката на инциденца (новопојавени случаи) на овие појави е пониска од опсервираната стапка на инциденца на енцефалитис со непозната етиологија, што сугерира дека некои или повеќето тешки невролошки нарушувања може да се само темпорално (временски) во релација со вакцинацијата против морбили, а не дека се должат на самата вакцинација.

Влијанието на вакцинацијата против морбили врз природниот тек на болеста може да се квантифицира (да се измери) преку споредба на максималниот број случаи на морбили, пријавени во дадена година пред употребата на вакцина, со бројот на случаи на болеста пријавени по подолг период (неколку децении) откако се врши континуирана вакцинација. Така, во САД во 1941 година биле пријавени 894.134 случаи на морбили, а во 1995 година 288 случаи. Тоа претставува намалување од 99,97%!

zdravstvo24/nmd.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1