Од септември поливалентни вакцини во Македонија


Од семптеври со едно боцкање децата ќе бидат заштитени од пет болести. Министерството за здравство ги набави долгонајавуваните поливалентни вакцини.

vakcina grip

 

Тендерот заврши а францускиот производител ќе ги испорача во земјата кон средината на летото. Ќе биде намален стресот на родителите кои нема да имаат потреба да ги носат бебињата 13 пати до 18 месечна возраст во центрите за имунизација. Посетите ќе бидат сведени на 7.Бенефит очекуваат и здравствените власти со зголемување на опфатот на вакцинација во руралните средини, пренесува Здравство24.

-Со едно боцкање 5 или 6 болести. Сите бебиња до 18 месеци ќе добијат од овие вакцини. Опфатот е голем, но сепак очекуваме да биде зголемен во руралнбите средини бидејќи со едно боцкање ке имаме неколку вакцини, вели д-р Јованка Костовска од МЗ

Со последниот тендер Министерството за здравство набавило и 3000 вакцини против стрептокока. Бактерија која им е позната на сите родители кои имаат деца во градинки и училишта. За почеток ќе биде на доброволна основа. Од 2018 ќе влезе во задолжителниот календар за имунизација.

-Ќе оди доброволно кој сака, но се препорачува за деца со намален имунитет. ќе биде бесплатна. оваа вакцина е препорачана од Светска здравствена организација, вели Костовска

Според податоците од Министерството за здравство, 96% е опфатот на имунизација. Што се однесува до несаканите реакции, надлежните велат дека се незначителни. 40 до 50 пријавени на годишно ниво.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1