Од следниот месец по 8.500 денари за секој вработен


Од една до четири илјади евра казна за работодавачите кои нема да поделат К-15. Од први јули стартува исплатата на регресот за годишпен одмор.

DenariСопствениците на приватни компании до крајот на годинава на сметките на своите вработени треба да им префрлат најмалку 40 отсто од бруто исплатените плати во последните три месеци или околу 8 501 денари.

Според претседателот на Синдикатот договореното ќе се почитува и вели дека не се основани тврдењата на компаниите дека регресот за годишен одмор ќе им предизвика дополнителни финансиски потешкотии.

Од синдикатот најавија и кампања која ќе треба со законот за работни односи да ги запознае работодавачите и 300 те илјади работници во приватни фирми.

Исплатата на популарно наречената 13 плата им следува на сите што работат најмалку 6 месеци во една фирма, а според пресметки нето износот без  платен персонален данок изнесува 8.501 денари и  влегува во признаени трошоци на компанијата за плаќање на данок на добивка.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1