Од утре на скопскиот аеродром ќе им се мери температурата на патниците


Вирусот на ебола не се пренесува по воздушен пат, туку исклучиво преку директен контакт со крв или други телесни течности од заболени луѓе.

На аеродромот Александар Велики се поставува термална камера, со која од утре ќе се врши 24-часовен мониторинг за детектирање на патниците со покачена температура и други потенцијални симптоми, како дел од превенцијата за ебола во земјава.

kamera aerodrom merenje temperaturAМинистерството за здравство во однос на соопштението од Светската здравствена организација за преземање вонредни напори за запирање на ширењето на еболата во светски рамки ја информира јавноста дека Република Македонија спаѓа во групата земји кои ниту имаат потенцијални или потврдени случаи на ебола, ниту се граничи со земји во кои се регистрирани вакви случаи.

Граѓаните треба да ги почитуваат следниве превентивни мерки: Да се избегнува директен контакт со крв или телесни течности на заразени лица или предмети кои може да бидат контаминирани, да се избегнува близок контакт со диви животни и консумирање месо од диви животни во Африка или Азија, да се одржува лична хигиена и редовно да се мијат раце, лицата доколку добијат симптоми на болест додека се на патување веднаш да побараат медицинска помош, сите лица што патувале во ризичните земји веднаш по враќање во државата доколку имаат некакви симптоми, како што се треска, замор, дијареа за тоа да го информираат својот матичен лекар и да го напоменат патувањето во овие области.

Вирусот на ебола не се пренесува по воздушен пат, туку исклучиво преку директен контакт со крв или други телесни течности од заболени луѓе (плунка, урина, фецес) или поретко и преку загадени предмети од секрети од заболени лица. Болеста може да се добие преку директен контакт со крв и други телесни течности од диви животни, како што се мајмуните, шумски антилопи и лилјаци.

ebola-graphicИнкубацискиот период на болеста е од вториот до 21 ден по експозиција на вирусот, болеста може да почне одеднаш со треска, болки во мускулите, слабост, главоболка и болки во грлото. Во следната фаза болеста се карактеризира со повраќање, дијареа, осип, и нарушена функција на црниот дроб и бубрезите. Додека трае периодот на инкубација болеста не се пренесува на друг, туку по добивање на првите симптоми на заболувањето.

Според податоците од Светската здравствена организација, во моментов, болеста е регистрирана во Гвинеја, Сиера Леоне, Либерија и во Нигерија. Досега во овие четири земји, каде се заболени 1.711 лица, од кои 932 завршиле со смртен исход.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1