Од утре ново невреме: Преку ден сонце но попладне врнежи од дожд и снег


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне повторно ќе настапи зголемување на облачноста кое во ноќните часови ќе услови врнежи од дожд и снег. Преку ден ќе дува слаб, а во југозападните делови умерен северозападен ветер.

Foto - flickr.com

Foto – flickr.com

Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од три до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб, а од среда повремено и засилен ветер од јужен правец. Нов поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта во четврток кон петок и во петок претпладне.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1