Опаѓање на температурата под влијание на постудена воздушна маса што се спушта од север се очекува од денеска во ноќните часови и утре.
Од УХРМ најавуваат дека на моменти ветерот ќе достигне брзина и над 80 километри на час, особено долж Повардарието. Ветерот ќе дува и утре во текот на целиот ден што ќе услови значително опаѓање на дневните температури за околу 10 степени во однос на денешните и ќе достигнат од 15 до 23 степени.
До сабота ќе биде стабилно и суво со благ пораст на дневната температура, која ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината.