Од вила на Дедиње во два квадрата ќелија – еве каде ,,лежи,, српскиот тајкун Мишковиќ


kjelija miskovicСопственикот на Делта, Мирослав Мишковиќ, во затворот е сместен во соба од 10 квадратни метри, а ја дели со уште тројца цимери.

Собата на Мишковиќ има два кревети на спрат и основен мебел. На располагање му се металната касета за лични работи, маса, стол и тоалет.

Мишковиќ, и неговиот син Марко остануваат во притвор 30 дена. Се сомничат дека проневериле повеќе од 30 милиони евра од претпријатија за патишта

Во притвор се и нивниот бизнис-партнер Мило Ѓурашковиќ и уште четворица, а тројца од првично приведените ќе се бранат од слобода.

kjelija miskovic1zatvor-miskovic-celija-1355472878-241315

Мишковиќ може да го изгуби целиот имот ако се докаже негова вина. Имотот му е проценет на околу 400 милиони евра.

Ако финансиска истрага покаже дека на нелегален начин е стекнато неговото големо богатство, судот може да донесе одлука да му се запленат вилите, автомобилите, авионот, накитот, уметничките дела и банкарските сметки.

На удар на законот може да се најдат и членовите на неговите семејство дури и неговите пријатели и бизнис-партнери.

Форбс во 2005 година неговиот имот го проценил на 1,3 милијарди евра, а пред кризата се појавила цифра од 4 милијарди евра.

Ова е царството на Мишковиќ – Магнатот кој е уапсен за кражба на 30 милиони евра

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1