Цената на нафтата порасна над 60 долари за барел во петокот, за прв пат по 2015 година. Поскапувањето минатата недела изнесуваше 4%. Цената на северноморската нафта од типот Брент се спушти од 115 долари во јуни, минатата година до 45,19 долари на почетокот на годинава за да во моментов ја достигне цената од 60,34 долари за еден барел. Барел сурова американска нафта се продава за 52,6 долари.
Малопродажните цени на горивата во Македонија ќе се формираат идниот понеделник, но со оглед на значителното поскапување во текот на минатата недела, може да се очекува од идниот вторник да возиме значително поскап бензин. Познавачите на состојбите велат дека доколку продолжат ваквите трендови, цената по наредната недела во Македонија би можела да се зголеми за околу 4 денари.