Од затвор во Багдад избегаа 10 затвореници – борци на Ал Каеда осудени на смрт


Дванаесет затвореници, меѓу кои и борци на Ал Каеда осудени на смрт, денеска избегале од затвор во Багдад, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на ирачката полиција. 
prison-lockБегалците излегле преку прозорците на своите келии рано утринава и ги разоружале чуварите од две набљудувачки кули.
Според полициските податоци, сите избегани имале затворски казни за тероризам, а некои од нив очекувале да бидат егзекутирани.
Началникот на заштитата на затворот „Таџи“ го потврди бегството на 12-те затвореници. Тој изјави дека голем број чувари се уапсени и се распрашани дали им помагале на бегалците.

Бегствата од затвори не се реткост во Ирак. Во септември минатата година од затворот во Тикрит, родното место на Садам Хусеин, избега поголема група затвореници, а пред тоа во затворот имаше немири, во кои загинаа 12 лица, меѓу кои десетина чувари. Тогаш властите признаа дека бегството било спроведено со помош од внатре, потсетуваат агенциите

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1