Скандалозен коментар на РК Пролет: Кире Лазаров е лигуш!


Ракометниот прволигаш Тинекс Пролет на својата Фејсбук страница објави скандалозен коментар со навреди кон најдобриот македонски ракометар и капитен на националниот тим, Кирил Лазаров.

-Каков лигуш е Кире Лазаров кога не игра за Македонија ако брат му не играл, а има уште два тројца такви. Што мајка бараме на Светско ако такви лигуши бараат личен интерес, а не доброто на Макеодонија. Господата од РФМ сакаат само да се китат со некој „успех“ и се ќе истрпат, само во нивниот мандат да се направи нешто за кое ќе се зборува долго. И Кире после како пе***че на телевизија излегува и и’ фарба очи на јавноста, се е во ред ќе дадеме максимум. Нека иде во Шпанија и нека каже, ја не играм ако брат ми не игра… е*ате лингурите што ја користат Македонската репрезентација за лично експонирање, стои во скандалозната објава на Фејсбук профилот на РК Пролет.

Oва е официјална страна на РК Пролет, а напишаното наликува на личен став – можел некој да си го напише на својот личен профил но скандалозно е да се постира како официјален став, мислење за колега како Ракометен клуб Пролет.

rk-prolet-500

Овој скандал добива дополнително на тежина доколку се земе во предвид информацијата дека тренер на РК Пролет е Илија Темелковски, кој ги предводеше ракометарите на претходното СП во Хрватска.

Извор/Фото – Курир

Срам, брука, циркус: Медицинската опрема на ракометарите патува со рентакар од Рим до Севилја
Македонски гастербајтер ги спаси нашите ракометари во Севиља
Брука: Ракометарите преживеаа хорор – бесни и измалтретирани пристигнаа во Севиља

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1