Од жешкото време вчера 6 мозочни удари и 4 колапси


Наглото зголемување на температурите во текот на вчерашниот ден го направија своето. Скопската брза помош само вчера интервенирала кај 6 мозочни удари, 6 сообраќајни несреќи, 2 инфаркта како и 4 колапси кои биле во домашни услови, пишува zdravstvo24.mk.

urgenten brza pomos klinikaКако што информираат за zdravstvo24.mk, нема зголемен број на повици на бројот 194. Вчера имало  78, но има промена во содржината на интервенциите.

Денеска, пак, до 14 часот службите интервенирале кај 2 колапси од кои еден бил на јавно место, а другиот во домашни услови. Имајќи ги во предвид најавите од синоптичарите за пеколни денови, лекарите уште еднаш со апел до граѓаните да ги почитуваат препораките од здравствените работници.

Никако движење надвор во периодот од 11 до 17 часот, многу течности и носење на лесна облека.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1