Одбројување:Крајот на светот доаѓа за 99 дена – тврди пророштво на Викинзите


На 22 февруари 2014 година, ќе се случат голем број земјотреси, нивото на морето ќе се покачи, а земјата и површината ќе бидат покриени со отров

apokalipsaСамо една година откако се воспостави дека пророштвото на Маите за крајот на светот е неточно, се појави ново предвидување дека светот каков што го познаваме наскоро ќе заврши. Имено, од нордиската митологија пристигнува пророштво дека Судниот ден ќе се случи за точно 99 дена. Синоќа во градот Јорк, звукот на еден антички инструмент го означи почетокот на одбројувањето до крајот на светот, таканаречено викиншка апокалипса. Легендата вели дека нордискиот бог Хеимдал, дувнал во рог, за да ги предупреди луѓето на пропаста која доаѓа.

Пророштвото вели дека светот ќе исчезне на 22 февруари 2014 година. Викинзите, имено верувале, дека на крајот на светот ќе му претходат три силни земјотреси меѓу кои нема да има лето, ќе исчезне моралот и ширум светот ќе се водат големи битки и војни.

Вук Скол ќе го изеде Сонцето, а неговиот брат Хати Месечината, што ќе доведе до исчезнување на ѕвездите, а Земјата ќе ја зафати вечен мрак.

Експертите за нордиската митологија пресметале дека Викинзите верувале дека тоа ќе се случи на 22 февруари 2014 година. Тој ден земјата ќе ја погодат земјотреси, нивото на морето ќе се покачи а земјата и површината ќе бидат покриени со отров.

-Изминатите години имавме пророштво од Маите, за доаѓањето на апокалипсите како и бројни други предвидувања на гатачи и визионери, но звукот на рогот е можеби најдобриот показател дека викиншките предвидувања се вистинити- рече Даниел Дардаган, директор на Викиншкиот фестивал во Јорк.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1