Одеса во пламен, 38 загинати


По судирите помеѓу украинските безбедносни сили и про-руските активисти во Славјанск, немирите се проширија и во Одеса, каде околу 1.500 радикални приврзаници на киевските власти и навивачи на локален фудбалски клуб се судриле на плоштадот во центарот на градот.

odesaGori-620x320Младинци вооружени со синџири, стапови и штитови се обиделе да одржат марш низ централните улици на градот скандирајќи „Смрт за непријателите” и „Русите на нож”, а по нив тргнала колона од активисти на организацијата „Куликово поле”, која обвинува за узурпирање на власта во Украина и се залага за референдум за федерализација на земјата и признавање на рускиот јазик за официјален.

Судирите се прошириле и биле фрлени и „молотови коктели”.

Најмалку 38 антивладини активисти загинале во пожар во синдикална зграда во Одеса. Зградата ја запалиле антируски радикали.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1