Одземање на лиценцата на ТА „Јупитер“ ако се утврдат неправилности


Министерството за економија денеска преку соопштение изрази жалење за состојбата во која се најдоа македонските туристи кои преку агенцијата „Јупитер“ за време на првомајските празници престојуваа во Турција и најави одземање на лиценцата на агенцијата доколку се утврдат неправилности во работењето.

Foto - Telma

Foto – Telma

Ја информираме јавноста дека уште во утринските часови екипа од Државниот пазарен инспекторат е испратена да изврши контрола на просториите на агенцијата во Скопје и да ја констатира фактичката состојба, но истата беше затворена, а на самиот влез поставена е информација дека агенцијата нема да работи до среда и дека сите граѓани кои патувале на нивна организација во Истанбул ќе бидат обесштетени, се наведува во соопштението.
Министерството ги информира оштетените граѓани дека ќе добијат обесштетување од страна на туристичката агенција, а во случај оваа законска обврска на Агенцијата да не биде остварена, тогаш ќе биде покрената соодветна кривична пријава против агенцијата.

Притвор и 5 години забрана за влез во Турција за менаџерот на „Јупитер“

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1