Верски пуч во Скопје: Разрешениот скопски муфтија со вооружени лица го презеде седиштето на ИВЗ


Привремено раководство со привремен поглавар ќе раководи со исламската верска заедница, откако денеска Скопскиот мутија и Генералниот Секретар на ИВЗ ја презедоа контролата врз втората најголема верска заедница

Ибрахим Шабани, разрешениот скопски муфтија и поранешниот генерален секретар на Исламската Верска Заедница Африм Тахири упаднале денес со повеќе од 50 вооружени лица во седиштето на ИВЗ во Скопје и соопштија дека во иднина тие ќе управуваат со таа организација.

ivz

Медиумите јавуваат дека не е познато каде се наоѓа реисот Реџепи, а на неговата фејсбук страна е објавена информација дека вооружени лица практично го киднапирале и дека го држат на непозната локација. Таа објава е тргната.

Шабани после упадот во седиштето на ИВЗ рекол дека тој ќе се погрижи набрзо да го врати мирот меѓу врениците и дека ќе ангажира ревизорска компанија која ќе истражува како се трошени парите на верниците. Шабански одбил да одговори дали утрово навистина имало инцидент пред ИВЗ при кој едно лице е повредено.

Полицијата уште работи на терен, во седиштето на ИВЗ каде утрово имаше инцидент и надвор од правна процедура беше разрешен поглаварот на ИВЗ реисот Сулејман Реџепи. Од МВР не соопштуваат нови детали за тековниот увид.

 Единствено што потврдија е дека на влезот во ИВЗ е најдена чаура од испукан куршум и дека на таванот на ходникот има оштетување. Полицијата разговарала и со вработените во ИВЗ кои утрово се пожалиле дека биле нападнати од групата подржувачи на скопскиот муфтија Ибраим Шабани.

 Инцидентот се случил после 9 часот кога група од неколку десетици подржувачи на скопскиот муфтија предводени од него и секретарот на ИВЗ дошле за да разговараат со реисот Реџепи кој уште не бил во зградата. Првичните информации дека во групата имало вооружени и дека ги малтретирале вработените по што еден од нив извадил пиштол и пукал во таванот.

 Потоа е повикана полиција која го обезбедува седиштето на ИВЗ и спроведува истрага за случувањата во втората по големина верска заедница во Македонија. „Пучистите“ во ИВЗ формираа привремен совет на чело со скопскиот муфтија кои треба да организираат избор на нов поглавар на заедницата. Покрај тоа ќе се врши и ревизија на финансиското работење на реисот Реџепи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1