Со свечена церемонија на Коринтијанс Арена во Сао Паоло, официјално започна 20-то светско првенство во фудбал.
Бразил по 64 години повторно е домаќин на најважното фудбалско натпреарување во меѓунардони рамки. Во присуство на 60.000 гледачи, повеќе стотици уметници и изведувачи со игра и музика во живописни костими на светот му ја преставија најголемата јужноамеричка држава.
На крајот на спектакуларната програма официјалната химна на Мундијалот ја изведоа раперот Питбул, поп ѕвездата Џенифер Лопез и бразилската пејачка Клаудија Леите.
Титулата на Мундијалот во Бразил ќе ја брани Шпанија, а најголем конкурент ќе и биде домаќинот, инаку петкратен светски првак.
Првиот натпревар во рамките на А групата ќе го одиграат Бразил и Хрватска