Вчера вечер насилно е обиен домот на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, јави Слободен Печат.
Случајот е пријавен во полиција и од таму велат:
– Пријавено е дека во стан на бул. 11 Октомври во Скопје непознат сторител насилно ја отворил влезната врата и влегол внатре, но до сега нема пријавено дека нешто е одземено, велат од МВР.