Охрид ги раскина договорите со советникот Усеини


„Охридски комуналец“, јавното претпријатие на општина Охрид, ги раскина трите договори со Нефи Усеини, на барање на Државната комисија за спречување корупција, објави Мета.

На денешната седница на УО на претпријатието е донесена одлука да бидат раскинати договорите со компанијата НИФИ ИК поради судир на интереси, а станува збор за набавка на градежни материјали, за одржување на депонијата Буково и користење на возило со кран дигалка за сечење на опасни дрва.

-За нас најголем проблем претставува тендерот за одржување на депонијата Буково бидејќи се наоѓаме во шпицот на сезоната, кога е потребно секојдневно одржување на самата депонија , рамнење на отпадот кој се одлага и во периодот кој сели се надеваме дека со нашата механизација која ја поседуваме ќе успееме барем дел од отпадот кој го носиме да го санираме, да ја одржуваме депонијата се до изборот на нова фирма – објаснува директорот на „Охридски Комуналец“, Љупчо Грдановски, пренесе Мета.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1