Филипче: Лекови без квота може да подигне и роднина на пациент


Владината мерка за укинување на квотите за издавање на лекови на рецепти во туристичките центри во земјава, ќе важи само за август. Ова стои во известувањето кое аптеките во Охрид и Струга го добиле утрово од страна на Фондот за здравство. Мерката почна да функционира од денеска, а фармацевтите велат дека ќе има ефект само ако не биде ограничена на одреден временски период. Само така, велат дека пациентите ќе можат да ги добијат сите лекови во една иста аптека.

Сепак, не е предвидено така. Министерството за здравство велат дека ништо нема да се смени околу тоа кој може да ги подигне лековите.

Во известувањето кое аптеките го добиле стои и дека при приемот на рецепти задолжително е да се идентификува осигуреното лице, а бројот на лична карта или пасош да се напишат на задната страна на рецептата. На крајот на август треба да испратат и известување до ФЗО, за остварената реализација.

Венко Филипче, министер за здравство: Сите пациенти кои не се во можност лично да отидат во аптека од здравствени причини, тие ќе можат како и досега да ги подигнат лековите преку членовите на нивните семејства“

До сега граѓаните се соочуваа со сериозни проблеми при набавката на неопходната терапија, бидејки аптеките издаваа лекови на рецепти најдоцна до десетти или петнаесетти во месецот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1