Охрид под закана од поплава


Хотелот Далјан и Извидничкиот центар во Охрид можат да бидат поплавени поради надојдената река која се наоѓа во близина. Веќе е уништен дел од патот кој води до двата објекти. На одредени места е целосно поткопан поради што може да дојде до негово лизгање. Вработени во Извидничкиот центар велат дека уште пред неколку месеци ги информирале локалните власти, но оти решение нема.Reka_Daljan_ostetuvanja

„Наскоро доаѓа и туристичката сезона, а опасност е трафостаницата бидејќи може да останеме без работа и без струја. Два-три месеци укажувавме дека има проблеми, но после невремето од пред два дена ситуацијата се влоши нагло“, рече Дончо Тодоровски –Сојуз на извидници на Македонија.

Од општината ветуваат санирање на проблемот во две фази почнувајки од утре. Од таму негираат дека за ситуацијата биле известени уште пред три месеци.

По налог на градоначалникот Никола Бакрачески, а веднаш по алармирањето за настанати оштетувања, општина Охрид започнува со санирање на штетите што ги направи реката Даљан, на потегот од патот кој води до истоимениот хотел и Извидничкиот центар. Оштетувањата настанаа од поплавите поради проширувањето на коритото на реката.

Градежната механизација на јавните претпријатија е тука. Во текот на денешниот ден се очекува да пристигне потребниот камен со којшто ќе се работи во првата фаза со цел да се заштити ова тло од понатамошно ерозирање . До утре треба да биде подготвена потребната техничка спецификација за д се пристапи кон објава на тендер со кој што во втора фаза овој проблем би бил трајно решен, изјави секретарот Спасески.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1