Вучиќ: Србија ќе остане воено неутрална земја


Српскиот премиер, Александар Вучиќ изјави денеска на средбата со рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин дека официјалниот став на Србија е да остане воено неутрална земја, а покрај постигнувањето на нејзината стратешка цел – членство во ЕУ, сака да ги зачува и развива традиционалното пријателство и добрите односи со Москва.vucic

Вучиќ и Чепурин истакнаа дека политичките односи меѓу двете држави се на високо ниво и го одразуваат традиционалното пријателство меѓу двата народа, јави српската агенција Танјуг.

Истовремено, американскиот амбасадор во Белград, Кајл Скат нагласи дека договорот меѓу Србија и НАТО е „нешто најнормално“, додавајќи дека не ги разбира големите несогласувања во општеството околу тој договор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1