Охридска снаа прави парфеми за британската кралица


 

Британката Ангела Ставреска во чии вени делумно тече и македонска крв е една од дизајнерките на најпрестижниот парфем што беше специјално изработен за кралицата Елизабета Втора. 

Како што пишува порталот Охрид1.ком Ангела е креатор на парфемот „Адамс“ создаден од Кралското хемиско друштво за кралицата Елизабета Втора како Божикен подарок.

Парфемот името го добил од старогрчкиот збор “Адамс “ што значи дијамант и е наменет само за кралицата.

Мирисот никогаш нема да и биде достапен на јавноста и ќе се произведува само за потребите на кралицата, пишува Лондонскиот печат.

Ангела е и креативен директор на ЦПЛ Аромас ( парфимериска куќа ) . Зад себе има повеќе признанија,а најмил и е првиот златен медал освоен на првиот фестивал на цвеќиња Chelsea Flower Show најпосетена манифестација за градини во светот.

Ангела е македонска снаа. Таа е омажена за исто така успешниот бизнисмен – архитектот Александар Ставревски од Охрид.Тие слободното  секојдневие целосно и ги посветуваат на нивната малечка кралица – ќеркичката Хрисанта.

ohrid1.com

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1