Синоќа околу 22.50 часот во полициска станица во Струга вработена во казино ,,Слот“ во Струга, пријавила дека Ј.М.(54) од Охрид, играјќи на еден од апаратите наеднаш паднал на подот во безсознание, информира Министерството за внатрешни работи.
Истиот со возило на итна помош е пренесен во медицинскиот центар во Струга каде што е констатирана смрт без траги на насилство.