Охриѓани тврдат: Не е скапо скопјаните ни прават лош маркетинг


Охрид не е скап и не празен, како што тврдат некои медиуми. Од Економскиот совет на градот ги демантираат таквите тврдења и велат дека цените се прилагодени за сечиј џеб и оти голем е бројот на странски туристи. Преку примери за цени на производи и услуги, охриѓани застанаа во одбрана на туристичката понуда со тврдење и дека целта не е да се форсира плажарскиот туризам, туку и културно – историска понуда за гостите.

ohridОхрид не е скап – има цени за сечиј џеб. Не е точно дека градот е празен, заклучија членовите на Економскиот совет на град Охрид. И покрај лошите временски услови на брегот на Охридското Езеро одмараат повеќе странски туристи.

Нападите на одредени медиуми се неосновани и го нарушуваат имиџот на Охрид, вели првиот човек на градот.

– Охрид има далеку подобра понуда од она што некои од медиумите се обидуваат да ја прикажат. Цените во Охрид се составени за секој џеб. Има цени за гости со поплиток џеб и секако за побогатите, значи имаме разноликост во цените, вели Никола Бакрачески градоначалник на Охрид.

Цените на угостителските услуги во Охрид се непроменети последниве три години.

– Јас лично мислам дека во Охрид цените не се скапи затоа што сега се вратив од една мала балканска тура каде што имав прилика да платам 1,7 евра две еспреса во мало село кое не е ни туристичка дестинација. Така што 50 денари во Охрид за еспресо не е скапо, верувајте во Скопје е поскапо, вели Лејла Крстаноска претседател на Стопанската комора за туризам.

Охрид не се мери во плажарски туризам ниту со Егејско, ниту со Јадранско море. Неговите адути се културно историските споменици, поволната клима и недопрената природа.

– Со што Охрид може да конкурира на седумте мориња околу нас кои што со изградбата на инфраструктурата стануваат се подостапни. Ние можеме да понудиме културно наследство, рекреативен туризам, здравствен туризам ,вели Бранко Азески претседател на Стопанската комора на Македонија.

Според туристичките експерти нова ера во туризмот Охрид ќе доживее по изградбата на автопатот Охрид – Кичево и воведувањето на субвенционираните евтини авиолинии.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1