Американската олимпијка Алисија Монтањо, која не престанала да тренира иако веќе влегла во осмиот месец од бременоста, се породила пред неколку дена и родила здраво девојче, на кое ѝ го дала името Линеа.
Во 34-тата недела од бременоста, Алисија Монтањо учествувала во трката на 800 метри кон крајот на јуни во Сакраменто, во Калифорнија.
Во текот на целата бременост и тренинзите била под лекарски надзор. Иако била последна, тоа не ѝ билонималку битно. Трката ја завршила после 2 минути и 32 секудни, што е за 35 секудни побавно од нејзиниот личен рекорд од 1 минута и 57 секунди.